Петар Печков
Објавено: вторник, 29 март 2016
Еден починат во сообраќајна несреќа која во вторникот претпладне се случи во Велес, во индустирскиот дел од градот. Загина такси возач, откако удрил во камион. Возачот на патничкиот автомобил, ,,рено матиз,, со велешки регистраски таблички починал на пат кон Болница, од тежината на здобиените повреди. Кога бил пренесен во велешката болница било предоцна. Според сведоците сообраќајката се случила околу 10 ч. кај бензинската пумпа ,,Црна река,, на спојката од улиците АСНОМ и Андон Шурков.
Такси возилото возеше од правец на Топилница кон градот а камионот доаѓаше од спротивна насока, од Велес вртеше лево кон УЗУС. Како возачот на автомобилот не виде толкав камион, само се удри директно во него. Од силината на ударот, колата се изврте за 360 степени, дојде паралелно со камионот - вели очевидец на сообраќајката. Бргу дошле велешките пожарникари кој морале да го вадат возачот од искрешеното возило, да сечат делови од уништениот автомобил. Со возило на Брзата помош возачот бил пренесен во велешката болница.
Во 10.20ч. беше донесен пациент во хируршкото одделение, настрадан во сообраќајна незгода . За жал тој веќе беше починат и не можеше да се реанимира. Возачот на камионот исто така беше примен , тој беше под стрес и му е дадена сооодветна терапија - изјави д-р Петре Кодовски.
Сообраќајната несреќа ја потврдија од СВР Велес и од таму не го соопштуваат засега идентитетот на починатиот такси возач, освен дека е на возраст од 45 години.
Tweet |