речник контакт

Такси превозот во Велес поскапи

Стартот сега чини 40 а еден километар е 25 денари.

Петар Печков

Советниците со мнозинство гласови, и без расправа, го прифатија барањето на таксистите од градот за покачување на цената на такси превозот. Стартот наместо досегашните 30 денари ќе биде 40 денари и цената за километар  се зголеми од 20 на 25 денари. Оваа одлука ја изгласаа 14-те советници од владеачкото мнозинство, додека опозицијата беше воздржана. Таксистите ова го побараа поради континуирано покачување на цената на нафтените деривати и зголемените трошоците за одржување на возилата.

Поради новиот Закон за техничко експлоатациони трошоци, моравме да замениме возила со нови кои ги исполнуваат  бараните услови. Одржувањето е два до три пати поскапо отколку претходно. Треба ли да потсетувам колку високо отидоа цените на  горивото, со што нашата заработувачка е осетно намелена. Сега трошоците на работа се 50 отсто од прометот а за рентабилно работење треба да се движат до 30 отсто. Тука се и бројните диви таксист кои ни го земаат лебот,  ја рушат цената и работата – вели Тони Јосифов член на Здружението на велешките таксисти, зошто тие побраа нови цени.

Во Велес, спроед локланите власти има околу 110- легални такси возила, 20 се во процедура, бројката на диви кои возат по градските улици се  проценува на повеќе од 200 додека бројот на лиценци кои се доделуваат е ограничен на 250. Новата цена ќе почне да се применува откако истата ќе биде објавена во Службен Гласник на Општина Велес. Постојните цени се на сила пет години.

И додека таксистите ќе возат со нови, повисоки цени, градскиот автобуски превоз останува со постојната 25 денари. Од ,,Пан такси,, која ги одржува двете автобуски линии во Велес, информираа дека засега тие не планираат покачување на цената на билетот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »