речник контакт

Таксистите бараат ред и паркинг простор

Градоначалникот Коцевски ги поддржа и најави дека ќе има инспекции и во вечерните и ноќни часови

Петар Печков

Велешките таксисти побараа воведување на ред во такси работењето во градот.Тие се сретнаа со градоначалникот Аце Коцевски, каде ги кажаа нивните маки.   Списокот не е долг, имаа само две барања, на чие исполнување чекаат со години.

Нашите проблеми се вечити, со години никако да се решат. Тоа е нелојалната  конкуренција и  нашиот паркинг простор на такси стојалиштата, кој најчесто е зафанат од приватни возила. Зашитата кон нас, кој плаќаме давачки кон градот и  државата, ќе биде поголема со почесто и редовно излегување на надлежниот инспектор . Но потребно е да се вклучи и сообраќајната полиција, за расчистување на паркинг просторот    - изјави Тони Јосифов, претставник на легалните таксисти.  Според нивните сознанија ги има 130 додека бројката на т.н. диви е двојно поголема 260 превозници. 

Ова не е прва средба, имавме бројни досега со години наназад, но останаа само ветувањата. Ако по два месеци нема резултат, ќе преземеме порадикални чекори.  Нашата штета, што плаќаме давачки а за возврат не добиваме ништо,  се брои во илјади евра.  Месечната давачка е 10 илјади денари или годишно 120 илјади денари. Друг што работи до мене само зема пари, не дава. Тие две илјади евра ги инвестира во возило, подобар живот - изјави Димче Димов легален таксист.  Градоначалникот Коцевски  го поддржа барањата на легалните таксисти и најави дека по секоја цена ќе ги спроведе, без оглед на реакциите.

 Најчесто т.н. диви таксисти се лица кои се вработени а попладне возат нелегално и нечесно, го земаат лебот на тие  што плаќаат давачки. Состојбата е лоша, поради запоставеноста на овој проблем со години.  Во наредниот период ќе бидат подложени на сериозни инспекциски контроли, најнапред предупредувани со рок  до кога можат да го легализираат нивниот бизнис. Ако тоа не го сторат ќе следат казни, како од нас, така и од другите инспекции УЈП,  трудова, пазарна, сообраќајна.   Ќе правиме почести контроли, не само преку ден, туку и во вечерните и ноќни часови. Ќе обезбедиме хоризонтална и вертикална сигнализација на такси постојките. Сообраќајната полиција да предупредува а потоа да казнува за непочитување на   законските прописи - рече  градоначалникот Коцевски.   Во Велес има можност за доделување на 250 лиценци за такси возач.    Првите акции за воведување ред во такси превозот се најавени по верскиот празник Водици. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »