речник контакт

Таксистите од Министерот Спасовски побараа услови за работа

Дваесет години се зборува но ништо не е преземено да бидеме заштитени, на такси стојалиштата се возила на граѓани или на нелегални таксисти

Петар Печков

На вчерашната средба со Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, велешките легални таксисти побараа да бидат заштитени и да имаат услови за работа на нивните работни места. 

Најголем проблем со кој се судруваме  е узурпирањето на такси стојалиштата во градот.  Дваесет години се зборува но ништо не е преземено да бидеме заштитени, на овие места се возила на граѓани или на нелегални таксисти. Тоа се нашите работни места, кои се недостапни за нас. Поради тоа правиме сообраќајни прекршоци, се создаваат гужва оти некаде мораме да стоиме и ги чекаме патниците. Немаме услови за работа.  Реагираме и за тоа што не праќаат на вонреден технички преглед. Не велиме дека не треба, но казните се огромни. За   тоа што рачната не кочела соодветно,  казнет е со две  или три илјади евра. Така се уништува легалниот таксист  - кажаа легалните таксисти.     

Во локалната власт информираа дека во градот моментално има 130 такси возачи со лиценца.  153 издадени лиценци за такси возила  имало во 2017-та, 155 во 2018-та.

Проценките се дека има  во градот има 110 нерегистрирани такси возила.  Недозволиво е да има толку многу нерегистрирани такси возила, 70 отсто од легалните. Во градот има 16 такси стојалишта со капацитет од 90 места  - објави градоначалникот Аце Коцевски. 

Од полицијата ќе барам да постапува без селективност при нивната контрола и пишувањето на казните. Планови без отстапки, бидејќи секој со некого се познава и има поинаков однос. Но мораме да опстоиме во интерес на таксистите, репресијата дава  најмногу резултати. Таму каде имаат место да за паркирање да го ослободиме,  но и да ги евидентираме кога прават прекршок во сообраќајот. Тие имаат права но имаат и обврски и одговорност - рече министерот Спасовски.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »