Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јули 2020
Велешките таксисти реагираат што такси стојалиштата наменети за нив, ги користат останатите учесници во сообраќајот. Тие се незадоволни што немаат услови за работа, иако сите давачки кон локалната власт се подмирени и ги имаат потребните документи.
Деновиве платив девет илјади денари за одржување на такси стојалиште, толку е давачката според лиценцата. Но што оти платив кога во најголем број случаи просторот не можам да го користам. Или е зафатен од диви таксисти, кои не плаќаат ништо а ги користат или од други учесници во сообраќајот. И нема место за нас, па сообраќајната полиција не брка ако застанеме надвор од просторот, но не ги брка тие што не треба да се паркираат таму- велат таксистите.
Додаваат дека посебно лоша е состојбата околу пазарот во пазарните денови, кога таму имало голем број нелегални такси возила, за некои сметаат дек се дури и не регистрирани како автомобили, без регистарските таблички, или пластично велат, кога царува „дивиот запад“.
Обврската на локалната власт заедно со сообраќајната полиција е да воведе ред во оваа област, но иако реакциите се исти со години, ништо не се поместува.
Тешко оди, МВР има редуциран број на вработени, поради ковид состојбата. Таксистите се во право. Нашата сообраќајна инспекција кога оди на терен треба да оди и со сообраќајна полиција, и со УЈП, со трудова, пазарна инспекција за да се воведе ред, што тешко се организира. По наша реакција некое време има ред, но потоа се продолжува по старото, стихијно. Што е до нас ќе сториме се за да на легалните таксисти им овозможиме услови за работа, за што платиле лиценци - кажа градоначалникот Аце Коцевски.
Tweet |