Петар Печков
Објавено: среда, 20 јули 2011
Проектот Топол културен бран во Велес стартува на 21 јули со настап на ансамблот „Танго трио“ во состав Пламенка Трајковска - виолина, Тони Пецанов- хармоника и Ајхан Киборд- пиано.
„Танго трио“ ќе се претстави со ексклузивна танго програма во стилот на танго традиционал и танго нуево со дела од светските мајсори на тангото.
Гости на концертот се Јована Крстевска - вокал и танцова двојка од „Танго банда“Концертот започнува во во 21 часот во амфитеатарот на Младински парк.
Во првиот дел од манифестациајта, до 30-ти јули ќе има уште две содржини, промоција на книга и концерт на хрватски фолклорен ансамбл заедно со велешки Керамичар.
Tweet |