Петар Печков
Објавено: четврток, 15 јануари 2015
Апелациониот суд од Скопје потврди дека обвинетите во случајот ,,Ликвидација,, се виновни, но ги намали затворските казни.
На обвинетиот Иле Танев му утврди единствена казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци затвор (претходно доби 2 и пол години).
На обвинетиот Валентин Зафиров му утврди казна во траење од 2 години и 6 месеци затвор (беше осуден на 5,5 години).
На обвинетиот Ивица Ефремов му утврди единствена казна во траење од 3 години затвор (имаше пресуда од 4,5 години).
На обвинетиот Сашо Лазаревски му утврди алтернативна мерка Условна казна од 1 година затвор која нема да се изврши доколку истиот во следните 3 години не стори ново кривично дело ( претходно имаше пресуда од една година затвор).
Апелација ги уважи жалбите на обвинетите Иле Танев и Сабедин Џими Хофман за крвичното дело Примање поткуп така што предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
Предудите се правосилни, а осудените имаат право на преиспитување на пресудите пред Врховен суд.
Илија Танев, Валентин Зафиров, Сашко Лазаревски беа судии во Основен суд Велес, а Зафиров и Лазаревски подоцна адвокати. Ефремов беше обвинител во велешкото Јавно обвинителство.
Tweet |