речник контакт

Татко уби син, го рани соседот, па се самоуби, во Горно Оризари

Крвава драма во Горно Оризари, еден убиен, еден застрелан и убиецот се самоубил

Петар Печков

Во недела напладне се случи семејна драма во велешкото село Горно Оризари. Таткото Мујо ( 60 год) го застрелала синот Сејо Црновршанин ( 36 год) потоа пукал во соседот за на крајот сам да пука во себе.  Крвавиот пир однесе два живота и еден тешко повреден.Соседите и роднините биле сведоци на оваа драма, во која жените од семејството Црновршанин се криеле по комшии, за да спасат жива глава.

Околу пладне слушнавме караници, викотници во соседството. По некое време дојде синот за да видиме како се бркаат со татко му низ дворот. Мујо со пиштол го застрела синот додека тој се криеше. По ова дојде комшијата Мехо да го смири стариот  но и тој настрада со два куршума, го погоди во левата рака. Потоа отиде дома ја зема ловечката пушка и со неа излезе по сокакот и ги бараше жена му, снаата и трите внучиња. Тие се беа скриле а тој мавташе со пушката. Потоа дојде полиција и десет минути траеја преговорите со Мујо да се предаде. Тој се беше скрил дома на горниот кат од куќата. По некое време излезе со пиштол в раце, но наеднаш го дигна и си пукна во слепоочница. Така заврши драмата. Ова семејство беше одличен пример за добро, не се скарале, немале расправии, имаа добар семеен бизнис. Што се случи на старецот, што вака направи на синот единец. Тој има и две ќерки – велат соседите.

Од велешката Болница дежурниот доктор Филип Тодоровски информираше дека кај  нив се донесени две лица. Мујо по половина час  подлегнал на повредите здобиени од куршумот додека Мехо Л. Се здобил со тешка повреда, прострелна рана на левата рака, но бил надвор од животна опасност. Синот Сејо бил застрелан во грбот, додека бегал. 

Од СВР Велес  го потврдија настанот, таму се силни полициски екипи  а на местото се истражен судија и јавен обвинител. Според полицијата убиството е сторено со пиштол марка Токарев 7,62 мм кој Мујо Црновршанин го поседувал со дозвола.  Причините и мотивот за  убиството, обидот за убиство и самоубиството  ќе бидат утврдени подоцна со истрагата, велат од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »