речник контакт

Тајните на пештерите на Јакупица ги испитуваше македонско-белгиска експедиција

Пештерата над изворите на реката Бабуна а сместена под врвот Солунска глава беше цел на испитувањето на македонско - белгиската спелео- нуркачка експедиција.

Петар Печков

 Седумнаесетте нејзини членови пет дена ја проучуваа пештерата, во чие езеро за прв пат се влезе откако таа  е откриена пред четириесетина години. Цел на проучувањето беше огромниот воден потенцијал со кој подземниот простор располага, а се претпоставува дека  во него се собираат сите води од планината Јакупица и Солунско поле, поради што тоа е мошне важно стратешко истражување. Од овој басен извираат три реки Бабуна, Тополка кои се влеваат во Вардар  и Белица која се влева во Треска, што зборува за големиот воден потенцијал кои го крие планината.

Очекуваме под масивот Јакупица дека се наоѓаат најголемите басени со питка  вода во Македонија па и пошироко. Со местоположбата која планината ја има, во централниот дел на државата, затоа што тука од овие огромни резерви на вода кои  реално сметаме дека постојат, и за што ја проучуваме, може да се снабдува една третина од населението на Македонија, скопски, велешки, прилепски, кичевски регион. А водата во иднина, во светотот, ќе биде од приоритетно значење и затоа наша должност е тоа да го истражиме. Затоа вложуваме огромни напори да влеземе во тоа водено езеро што подлабоко и очекуваме дека ќе го откриеме најголемиот пештерски систем во Македонија – вели Иван Жежовски, претседател на Спелеолошко друштво Пеони и учесник во експедицијата.

Тој ваквите очекувања ги темели на дебелината на варовничките слоеви кои се околу 4 илјади метри и се основа за појавување на спелеолошки објекти како и врнежите кои се обилни и чести за ова подрачје и снегот кој често и во поглем дел до годината го има на Бегово поле.  Експедицијата влегла преку високото плато, од подножјето на Солунска глава и веќе се симнале во вертикала 525 метри од овој дел на пештерата а работат да влезат и преку изворот на реката Бабуна.

Пештерата е одамна  позната и примамлива за испитување, но пречка за нас беше езерото  во кое не можевме да влеземе и минеме, бидејќи не можевме да нуркаме, таква дејност досега во Македонија немавме. Благодарејќи на соработката со белгиските спелеолози по долги години ги продолживме испитувањата во пештерата – објаснува Жежовски. Тричлената белгиска екипа им овозможи на македонските спелеолози за прв пат да се нурнат во водите на подземното езеро од кое потоа истекува реката Бабуна.

Не изненади високиот водостој на подземните води за овој период од годината. Ќе мораме да дојдеме до година во посушен период, кога ќе можеме во посушен период да работиме  подлабоко. Ова се екстремни истражувања кои бараат многу специјалност, обука, знаење и физички подготвени луѓе.  Беше многу, многу тешко да се стигне изворите на Бабуна, но ние испитавме неколку нови галерии и затоа сметам дека експедицијата е успешна.  – изјави Марк Ван Дер Мулен белгиски нуркач спелеолог, кој често доаѓа во земјава и работи со македонските колеги.

Пионерски чекор е што за прв пат двајца македонски спелеолози – нуркачи се спуштија во подземното езеро и го истражуваа со нивните колеги од Белгија. Тие отидоа каде што нивните колеги досега не стигнале.

Ова е позитивен пример како неколку македонски клуба можат да работат заеднички со гостите до Белгија. Влегов во подземната пештера и јама, водата е чиста, бистра, чувство што тешко може да се пренесе, температурата е околу седум степени таа е константна преку целата година и не беше пречка во истражувањето – Киро Ангелески претседател на   спелео -нуркачкиот клуб „Врело“.

Тие се воодушевени од пештерата, која имал високи таваници и до стотина метри кои батериската ламба не можела  да ги осветли, што било реткост за пештерите. Имало и убави и ретки калцитни украси со интересни форми, како и многу високи водопади. Очекуваат истражувањето  да продолжи следната година со помош на државните институции и заблагодаруваат на помошта на локалната власт на општина Чашка, која ја помогнала експедицијата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »