Никола Солев
Објавено: четврток, 23 февруари 2006
Дваесет и четиригодишен кочанчанец е осомничен за обљуба на немоќно лице откако без знаење на својата девојка, тајно снимал додека имале сексуален однос. Осомничениот потоа направил копии од филмот и ги продавал во Кочани. Полицијата го откри сторителот Б.П. (24) и против него поднесе кривична пријава. Настанот се случил во мај лани, кога Б.П. (24), по претходен договор со својот другар Х.У., ја намамил во својот стан девојката, со која тогаш бил во љубовна врска. Двајцата другари претходно во станот монтирале скриена камера, со која го снимиле половиот чин, без знаење на девојката. Во почетокот на годинава снимките почнал да им ги дели на кочанци, по што полицијата го откри. (Љ.Ш.) Извор:
Tweet |