Петар Печков
Објавено: петок, 17 мај 2019
Откако минатите години, велешките аматерски театарски групи, имаа забележан успех на ДАФ, Драмски аматерски фестивал, кој се одржува во Кочани, годинава ќе мине без учество на велешани.
Од трите пријавени престави, жирито не прифанало ниту една. За учество конкурираа претставите: Драмската секција од Хемиското „Димитрија Чуповски“- со ,,Народен пратеник,, од Бранислав Нушиќ во режија: Љубинка `Ртовска преку проектот „И ТИ СИ ДЕЛ ОД НАС“ за инклузија на лица со пречки во развој и две од Гимназијата „Кочо Рацин“ од драмска секција „Плодна Година “ од Синиша Посариќ и ,,Ревизор,, од Николај Васиљевич ГОГОЉ и двете во режија на Петар Андреев.
На фестивалот конкурирале 32 претстави а за програмата избрани се 18.
Tweet |