Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2009
Македонскиот ракометен репрезентативец Влатко Темелков (28) во наредните две сезони ќе настапува во најсилната Бундес лига, откако потпиша двогодишен договор со екипата на Балинген од истоименото место. Откако екипата во која настапуваше Фулинген поради банкрот се растури, Темелков имал повеќе понуди да ја промени средината. Неговите добри игри за националниот дрес и 35-те постинати голови на СП во Хрватска беа добра препорака да биде баран од неколку германски клубови.
- Македонската репрезентација на СП во Хрватска, со посредство на спортскиот канал ДСФ беше често присутна на тамошната јавност. Добрите игри не останаа не забележани, така што морав добро да размислам каде ќе ја продолжам кариерата, бидејќи ме бараа повеќе тамошни клубови. Се решив за Балинген поради близината на местото каде досега живеев, така што не ќе морам да се селам далеку. Се разбира добра беше и финансиската понуда – изјави Темелков леворакиот крилен напаѓач на македонската репрезентација.
Во новиот клуб бил ангажиран и репрезентативниот голман на австриската репрезентација, потоа французин и романец а цел на екипата е средината на табелата. Тој ги пропушти јунските настапи во квалификациите за ЕП во Австрија 2010 поради повреда на коленото и според докторите тоа е веќе минато. Веќе се подготвува за првиот тренинг во новата средина закажан за 13 јули. Верува дека сегашната репрезентација има потенцијал за големи достигнувања и најавува дека со добра работа и поддршка од сојузот ќе можат тоа да го покажат на теренот.

Tweet |