Петар Печков
Објавено: вторник, 12 април 2016
Учениците од трета година во велешката Гимназија Кочо Рацин заминале на екскурзија иако не биле почитувани законските рокови. Ова на прес конференција го кажаа од локалниот СДСМ при што сметаат дека е сторено и кривично дело.
При спроведување на постапка за избор на правен субјект за изведување на ексурзијата од трета година прекршени се одредбите на Законот за Јавни набавки и Правилникот за изведување на начин ученички екскурзии за ученици од средни училишта. Имено во првиот обид, изборот на агенцијата ,,Црво експрес,, од Штип е поништен по жалба на еден од понудувачите а по препорака на градоначалникот, поради неправилности во постапката. Во вториот обид сите понуди се отворени на 7-ми април кога е избрана фирмата а учениците на тргнуваат на екурзија на 10-ти април. Во постапката повредени се повеќе одредби, а главно е што е избраните кандидати имаа право на жалба во рок од осум дена а тоа не им е овозможено во второстепена постапка, оти учениците веќе тргнале а роковите за жалба не се испочитувани - изјави портпаролот на СДСМ за Велес, Весна Стојановска Богоевска.
Таа напомена дека учениците тргнале на ексурзија а не бил потпишан договорот со фирмата изведувач. Дополни дека родителите за два дена морале да ги уплаќаат парите и децата се подготват за ексурзија. Таа го повика градоначалникот Чадиев да го разреши Андревски од местото директор по повеќето афери кои според неа ,,го поништија угледот на Гимназијата,, . Беа повикани и опшинскиот просветен инспектор да ја провери постапката, основното јавно обвинтелство Велес кривично да поведе постапка против директот за злоупотреба на службена должност. Од локалната власт најавија дека знаат за овој случај и работат на негово расчистување.
Пред опозицијата да се замеша во овој случај, испратен е просветен инспектор во Гимназијата, да направи вонреден инспекциски надзор. Доставени се списите и водиме постапка, како е воден изборот на фирма за екскурзија. Ќе постапам согласно Законот. Во првата постапка, го поништив изборот. За втората нема стигнато до мене жалба. Без оглед на тоа јас испратив вонредна инспекција. Тоа се случи, не денес, откако опозицијата реагираше, туку уште во првиот ден по настанот. До мене ќе бидат доставени записниците а за потоа ќе одлучи правната служба, што и како. Се ќе биде по Закон, Општина Велес е пример за законско работење - изјави градоначалникот Чадиев.
Tweet |