речник контакт

Тенди не смее да има, туку само чадори за сонце

Со новата законска регулатива, на јавно прометните површини не смее да има градежни конструкции, поради што сите тенди од пред кафетериите мораат да бидат отстранети.

Петар Печков

Тенди  повеќе нема да има пред кафетериите во градот а гостите од сонце ќе ги штитат чадорите. Ова е во согласност со законската регулатива која стапи на сила од 1-ви ноември и во  Скопје одамна се применува. Со неа се забранува  пред кафетериите да има градежни конструкции, па надлежниот комунален инспектор веќе ги запознал сопствениците за оваа новина, која тие ќе мора да ја почитуваат.

Инспекторот ги информираше сопствениците дека треба да ги отстранат тендите а како заштита за столовите кои се на јавна површина ќе може да се користат чадори за сонце – најави Горан Петров, градоначалникот на Велес. Досега од бројните кафетерии во градот, само една ја почитува оваа одлука за која од локалната власт најавуваат дека доколку не се применува, ќе се започне и нивно отстранување.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »