речник контакт

Тензии на судењето за убиството во Ореше

Адвокатот Давидовиќ казнет со илјада евра за непочитување на судот

Петар Печков

Тензично беше на денешното судење во Основниот суд во Велес  за убиството во селото Ореше 2005-тата, во која цехот го плати адвокатот  Ѕвонко Давидовиќ.  Тој треба да плати казана од илјада евра заради непочитување на судот.

Адвокатот Давидовиќ недолично се однесува во судницата, не дочекува да се внесе до крај изјавите во записник, упаѓа во збор, поради што се казнува парично во денарска против вредност од илјада евра – пресече претседателот на судскиот совет Илија Танев.

По ова адвокатот во знак на револт ја напушти судницата и залудни беа апелите на неговите клиенти тој да се врати, столчето остана празно до крајот на рочиштето. Атмосферата во судницата беше вжештена по вештачењето на вештите лица од Психијатриската клиника во Скопје  за  заштитениот сведок ,,Бреза,, врз чија изјава се базира обвинението. Тие констатирале дека,, ја исклучуваат можноста сведокот да измислува, нереално зборува и филозофира за редоследот на настаните кој тој го посочува во овој случај,, Давидовиќ се обидуваше да ја  ги дискредитира вештаците и дури се посомнева во нивната стручност. Откако беше казнет со илјада евра тој  на висок тон најави  барање за иземање на судијата Танев, кое ќе го достави во писмена форма.

Вештите лица, психијатриите излегле од предлогот за вештачењето на личноста на заштитениот сведок и не можат да кажат дали тој ја зборува вистината или не. Тоа може единствено судот – рече адвокат Коста Нојков, на завршувањето од денешното рочиште, поднесувајќи приговор на наодот.

На почетокот од  денешното судењето беше побарано и изземање на обвинителот Ивица Ефремов, кое од страна на Вишото Обвинителство во Скопје  беше отфрлено. Сведокот ,,Бреза,, во овој случај е клучната личност која тврди дека Ѓоре Петревски до САД  нарачателот на убиството над Лазо Милошевски, нему му се јавил за тој да ја обезбеди пушката со која  треба да се пука, како и дека нему му се нудени пари за да го изврши убиството.  Досега во два наврати обвинетите дека се сторители на убиството браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски  добиваа по 12 години затвор, но Апелација го враќаше  процесот на почеток.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »