Петар Печков
Објавено: четврток, 30 август 2012
Крвава прослава на празникот Св. Богородица во велешкото село Ореше. Инцидентот се случил на 28 август на околу 20 час кога поголема група орешани претепале петмина гости на селската слава и сето тоа било пред многубројниот народ насобран сред село.
Полицијата ги осомничи Г.П (29) , Б.Ѓ.(43), Д.Ѓ.(49) сите од село Ореше и З.А.(23) и Ј.А.(21) од село Богомила затоа што без никаков повод и причина физички ги нападнале лицата Г.А.(15) , Д.Д.(26), С.Д.(18), М.Д.(21),Б.К.(20) сите од село Оморани и М.С.(54) од село Гостиражни.
Тие безмилосно ги удирале со раце и нозе во пределот на главите и телата при што им нанеле видливи телесни повреди. Причина за нападот според СВР Велес е претходна расправија на двете групи, околу кршење полни пивски шишиња.
Поради ова петмината орешани добија кривична пријава за насилство, оти предизвикале чувство на страв и несигурност кај бројните присутни гости на селската слава. Полицијата во оваа информација не споменува пукање, иако меѓу присутните таму се зборува дека имало и истрели од огнено оружје.
Tweet |