речник контакт

Тепачка на базен, натепани скопјани

Мотор излета од кај Панини, сопатникот тешко повреден

Петар Печков

Неделата попладне околу 19ч. на  Градскиот базен Снупи се случила тепачка во која според сведоците учествувале 20-тина лица. Се тепале со што ќе стигнеле а скопјани ги извлекле ќотекот.  Интервенирала и  полицијата за смирување  на страстите  и  лекарска екипа  од  Брзата помош. СВР Велес информираше за инцидентот.

Додека лицето И.И.(21) од Скопје, излегувало од соблекувалната на базенот, бил пресретнат од непознато, кое го удрило по главата со шише, од што се здобил со видлива телесна повреда-расекотина над десното око.  По  ова настанала општа гужва. Непознатите лица со шипки од чадори за сонце физички ги нападнале:Е.И.(19) од Скопје и С.У.(34) од Скопје, по што, во еден момент се дале во бегство кон долната капија на базенот – изјавија од СВР Велес.

Од страна на овластени службени лица од СВР Велес повикани биле шест лица од Велес на информативен разговор. По извршените службени активности сите биле пуштени на слобода.

Ноќеска, недела кон понеделник,  мотор излетал од пат, среде град, сопатникот  со  тешка повреда. Инцидентот се случил околу 1 ч. на ул.„Благој Ѓорев“- кај Панини.

 Дојдено до сообраќајна незгода во која моторцикл марка „ХондаБР 900“ со велешки регистарски броеви, сопственост  и управуван од С.К.(28) од Велес  излегол надвор од патот, се качил на тротоарот од левата страна на улицата, удрил во дрво и со моторциклот паднал на левата сообраќајна лента од улицата. По незгодата со приватно возило возачот на моторциклот и сопатникот Е.К.(26) од Велес се пренесени во ЈЗУ„Општа болница“ Велес. Кај возачот се констатирани телесни повреди и по нивното санирање  е пуштен на домашно лекување, а кај сопатникот се констатирани  тешки телесни повреди и е задржан на лекување – изјавија  од СВР Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »