речник контакт

Тепев ослободен, се враќа во Велес

Откако обвинителството го повлече обвинението за злоупотреба на службена должност, Илија Тепев може да се врати од Бугарија

Петар Печков

Откако се докажало дека Илија Тепев во периодот за кој тој беше обвинет не бил ниту управител ниту извршен директор на Транс Велес обвинителството го повлекло обвинението против велешкиот бизнисмен. За овој процес се одржаа две рочишта и се бараше начин да се најде  адресата од Тепев во Бугарија за да му се достави покана за судење. Но по доставувањето на доказите за раководната положба во фирмата, процесот доби друг, поволен  тек за Тепев.

Според поднесеното обвинение, Тепев ја оштетил државата за 82 милиони денари, бидејќи кредитот што АД Транс Велес го земал во 1997 година од Кралството Шведска, преку Агенцијата за санација на банки во висина од 9 милиони шведски круни, продоцна преку негови фирми го присвоил. Тој иако знаел дека камионите се под хипотека, ги продал од неговата на други две, каде  е доминантен сопственик.На овој начин Министерството за финансии, како гарант за земениот кредит од Шведска и државата Република Македонија се оштетени за 750 илјади евра.

Поради ова тој се бареше со меѓународна потерница, бидејќи Тепев не беше достапен на македонските правосудни органи.  По овој развој на настаните се очекува наскоро Тепев да се врати во родниот Велес, бидејќи потерницата  не важи. неговите блиски велат дека прво што ќе стори Илија по доаѓањето е посета на гробовите на неговите родители, кои починаа изминатата година а тој не можел да дојде на погребот. Неговото враќање во Македонија пак нема да биде толку пријатно за бројните должници, на кој тој   им позајмил пари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »