речник контакт

Теренот на помошното фудбалско игралиште во лоша состојба, не може да почне Општинска фудбалска лига

Работите на уредување биле стопирани оти немало дозвола за бушотина за вадење подземна вода која ќе служи за полевање

Петар Печков

Општинската фудбалска лига никако да започне, поради лошата состојба на теренот на помошното фудбалско игралиште, кое се наоѓа во Градски парк.  Натпреварите требало да започнат минатата недела а се одложени за две седмици. Досега учеството го пријавиле девет екипи. Од Општинскиот фудбалски сојуз на Велес реагираат што термините на  првенството   се пролонгираат а терен нема каде да се игра.

Од локалната власт потсетуваат дека ФФМ од УЕФА добила три пати по пет илјади евра за обнова на фудбалските игралишта во Башино село, Превалец и помошниот стадион во Велес. Прашан дали има информации за ваквата статус кво состојба на теренот, на вчерашната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски даде информација  каде е проблемот.

На игралиштето беа изведени зафатите за подземна инсталација, под тревата за наводнување па беа истурени големи количества песок. Започната е изработка на бушотина за вадење на подземна вода за полевање, но од страна на надлежните инспекциски служби работата е стопирана оти нема извадено соодветна градежна дозвола - кажа Коцевски.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »