Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јули 2021
Продолжи теренската вакцинација, за заштита од ковид-19 во велешко. Денес екипата на Здравен дом Велес беше во посета на селата Мартолци и Оморани.
Вкупно е вакцинирани 66 лица, што надлежните го оценуваат како висок одѕив. Во двете села идентичен број на жители, по 33 се вакцинирале.
За утре теренската вакцинација продолжува во селата од Азот, од 9 ч. во Теово, па Согле и Богомила. Досега за шест дена теренска вакцинација пушени се 360 вакцини „Синовак“ прва доза, во 18 населени места.
Tweet |