речник контакт

Територијална против пожарна единица од Велес е десеткувана, брои само 16 пожарникари

Освен во Општина Велес, интервенира и во соседните Градско и Чашка. Според нормативите треба да брои 40 пожарникари

Петар Печков

Територијата на три општини, Велес, Градско и Чашка од пожар ја чуваат само 16 пожарникари. И тоа еден дел се пред  пензија, дел се со сериозни повреди здобиени по интервенциите па на работа одат со скратено работно време и со поштеди.  Така во Велес е десеткувана противпожарната единица.

Советот на Општина Велес го усовои планот за вработување  во ТППЕ за годинава, предвидедни се нови десет вработувања. Но за тој да се оствари потебна е согласност  од МВР.

Градоначлникот на Велес, упатил ургентно писмо до министерот за внатрешни работи, за да не се доведе во опасност имотот и животот на граѓаните а во пресрет на летаната сезона, кога се зголемува бројот на интервенции на противпожарната единица.  

Со овој број на вработени доведена во опасност  сигурноста на граѓаните на општина Велес, но и соседните каде интервенира ТППЕ.  Нормативот е  на секој 1.5 илјади жители по еден пожарникар така нас ни требаат по стандарди 40 пожарникари а имаме 16 од кои некои се скратено работно време, други повредени. Од министерот Спасовски  побарав веднаш да се најдат средства за вработување на пожарникари, одговор немам. А доаѓа лето и сезона на пожари а ние пожарникари немаме - изјави Коцевски.  Потенцира дека нема да дозволи за плати на пожарникарите,  да им исплаќа од  основниот Буџет, бидејќи таа  обврска со децентрализацијата е на централната власт.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »