Аница Солева
Објавено: понеделник, 17 јули 2006
Karolyne Smith го тетовирала своето чело со веб адресата на еден „коцкарски“ сајт како нивна реклама со цел да ја плати школарината на својот син во едно приватно училиште. Таа мора да живее со својата тетоважа од Goldenpalace.com. Одлуката не ја донела веднаш. Таа со своето момче три недели разговарале околу тоа. „Навистина сакав да го направам тоа. За мене 10000 долари изгледаат како милион долари. Живеам само еднаш и ова го направави за мојот син. Тоа е мало жртвување за подобра иднина на мојот син.“ - вели Karolyne.
Tweet |