речник контакт

Техничко - технолошки факултет од Велес доби средства од Министерството за земјоделие за опремување на лабораторијата

Вкупната вредност на грантот, за четири факултети е 600 илјади евра

Петар Печков

Технолошко технички факултет - Велес, заедно со уште три други факултети добија грант за  финансиска поддршка. За сите четири научно -образовни институции вредноста е 600 илјади евра.   Таа ќе биде наменета за опремување на лаборатории за безбедност на храната, опрема за откривање на присуството на тешки метали во храната, како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки.

Преку овој Буџет  Министерството ги поддржува научните институции во проширувањето на нивните активности, за потребите за градење на одржлив систем за производство и безбедност на храна.  Крајна цел за превземената иницијатива од страна на МЗШВ, е исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната.

„Дозволете ми денешниот настан да го поздравам со една стара народна мисла: „Сите му се поклонуваат на царот, а царот се поклонува само пред учителот!“  Ова е пораката со која сакам да го одбележиме почетокот на соработката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со нашите врвни научни институции од неколку универзитети во државава кажа министерот Арјанит Хоџа.

Освен со Технолошко технички факултет  од Велес, меморандум за соработка потпишаа  и дел од средствата во висина од 600 илјади евра добија, и  Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, Факултетот за ветеринарна медицина - исто така од Скопје и  Факултет за прехранбена технологија и храна - од Тетово.

Неодамна со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа, вреден  2,17 милиони денари Техничко - технолошкиот факултет од Велес доби нова лабораторија. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »