речник контакт

Техничко-технолошкиот факултет го доби првиот дипломиран технолог инжинер

Првиот дипломирана технолог инженер е Соња Елискоска

Петар Печков

Успешно бранејќи ја  дипломската тема „Влијанието на петти канал врз квалитетот на река Црна“ Соња Елискоска стана првиот дипломец на велешкиот Техничко-технолошки факултет, кој работи во рамките на битолскиот Универзитет ,,Климент Охридски,,. Таа успеа прва да ја добие  посакуваната  диплома, за што и требаа четири години.

 Чест ми е што сум првиот дипломец на овој факултет. Прекрасно е чувството да се дипломира а и можноста натаму да се продолжи со образованието. Мојата дипломска ја работев во фабриката за преработка на вода во ЈКП Дервен – рече Елисковска.

Технолошко-технички факултет во Велес има дисперзирани студии во Кичево и Битола, со вкупно  повеќе од  400 студенти во овој момент. На ТТФ постојат две програми  прехрамбена техниологија и био технологија а втората е нутриционизам, што е единствена таква  во Македонија. Студиите траат осум семестри.

Се надевам дека студентите ќе си најдат работа, бидејќи досега таква во градот и пошироко не постоеше. Нашите програми се уникатни, оти ги следиме европските текови. Соработувавме со голем број прехранбени компании Жито Вардар, Агриа, ЈКП Дервен, винариите Стоби и Тиквеш, кој обезбедуваат и стипендии за некои од студентите –рече Валентина Павлова продекан за настава на ТТФ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »