Петар Печков
Објавено: петок, 01 март 2013
Со 74-та седница Советот на општина Велес ја заврши четиригодишната работа. 23-цата советници така го завршија нивниот мандат во кој имаше растежи и падови, свиркање, аплаузи, свирчиња, навреди, повреди, лутење, караници, бојкот. Имаше седници до рано наутро имаше и експресни за еден час.
Но сето тоа со завршувањето на седницата замина во историјата а советниците во Меаната кај Даце. Претседавачот на Советот Чадиев, кој во четири годишниот мандат се покажа како штедлив, овој пат пушти срце и ги повика сите советници на заедничко дружење, последно во овој состав. Така и бидна, поголемиот број дојдоа и од власт и од опозцијата, имаше и отсутни, оправдано или не немаше евиденција.
Дојде и градоначалникот Петров и во пријатна атмосфера се разделија како што доделува на луѓе, кои утре ќе се сретнуваат по велешките улици ( Некои ќе ги има и во наредниот состав на Советот).Можно е советниците до истекот на нивниот мандат, а тоа е составувањето на новиот Совет да имаат уште една седница и тоа вонредна, на која ќе треба да ги констатираат штетите од неодамнешната поплава.
Tweet |