речник контакт

Тивка аукција на детски цртежи, со хуманитарна цел (фото)

Собраните средства беа наменети за Здружението „Сончогледи кон сонцето“ за лицата со видлива и невидлива попреченост

Петар Печков

Во Ликовниот салон се одржа „тивка аукција“ на ликовни дела, изработени од деца, од градинките во Велес. Истите се создадени на 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со попреченост.

Настанот имаше хуманитарна мисија, собраните средства беа наменети за Здружението „Сончогледи кон сонцето“ за лицата со видлива и невидлива попреченост. Избрани и изложени за продажба беа 62 дела, детски цртежи, од нив останаа непродадени десетина. Тие ќе се продаваат подоцна,  преку социјалните мрежи.

„Тука не завршуваме,  ја продолжуваме со  нашата хумана дејност. продолжуваме децата да ги воспитуваме во духот на хуманоста и солидарноста“ - кажа Маја Велиновска, директорка на Детската градинка Димче Мичев,  институцијата која ја организираше оваа т.н. тивка аукција.  
Ирена Лозана, претседател на Здружението „Сончогледи кон сонцето“, изрази благодарност за хуманитарната акција.

„Со ваквите настани се зголемува свеста за инклузивноста во општеството. Без оглед колку средства ќе се соберат од настанот, се радувам на дружењето и вклученоста на толку луѓе со големо срце, кои сакаа да помогнат“ кажа Лозана.

Највисока цена на тивката аукција достигнаa цртеж на дете со плетенките, кој се продаде за 1,5 илјади денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »