Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 јануари 2011
Театарски, филмски и телевизиски актер, еден од доајените на македонската актерска сцена.
Тодор Николовски од 1909 година живее во Скопје. Во 1919 г. станува член на Народниот театар во Скопје. За време на војната продолжи да работи во театарот, а 1944 година замина во Горно Врановци каде што се вклучува во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за прв пат се пројави и како режисер.
Во 1947 година настапи на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар беше од 1945 се до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана артистичка дејност ја доби наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапи во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба.
Тодор Николовски - Тодорче е еден од најистакнатите македонски театарски и филмски уметници. Со големиот број разновидни и извонредни ролји, остава траен белег во македонската кинематографија. Во театарот е особено познат по улогата на чорбаџи Теодос, во истоимената претстава, во која настапуваше долги години. Филмови: Мис Стон, Под исто небо, Македонска крвава свадба, Републиката во пламен, Табакерата, Бог да ги убие шпионите и др.
Филмографија
1955 : Волча ноќ (Споредна улога)
1958 : Мис Стон (Главна улога)
1961 : Мирно лето (Споредна улога)
1964 : Под исто небо (Споредна улога)
1966 : До победата и по неа (Споредна улога)
1967 : Македонска крвава свадба (Споредна улога)
1967 : Мементо (Главна улога)
1969 : Републиката во пламен (Споредна улога)
1976 : Денес треба нешто да се случи (Главна улога)
1984 : Нели ти реков (Споредна улога)
1993 : Македонска сага (Споредна улога)
1999 : Време, живот (Главна улога)
п.с навистина жалам што интервјуто со Тодороче, создадено во 1994-тата година во кафеаната Кај Јоле, исчезна во радиото (Радио Велес). Остана во сеќавање моментот кога тој се сеѓава на родниот Велес, миговите од детството минати во велешакта калдрма и кога мајкаму не можела да го дои, па некоја циганка од соседството го сториал тоа. И рече дека таа циганска крв, му го одредила актерскиот живот кој многу наликува на номадскито актерски.
п.п.с Во родниот Велес и да сакате не можете да му оддадете почит на Тодорче, бидјеќи нема ништо во негов спомен, на актерот кој заедно со Прличко го создаде македонското глумиште
Tweet |