речник контакт

Том Круз со седмата авантура од „Невозможна мисија“ од сабота пред велешани на филмското платно (видео)

Премиера и на комедијата „Опасно патување“ но и можност да се погледа новиот петти дел од авантурата на Индијана Џонс

Петар Печков

Започнува наелектризирана трка против злото! Итан Хант и неговиот тим мора да ги надмудрат своите противници, во седмиот дел од Невозможна мисија,  мора да го  пронајдат опасно оружје пред да падне во погрешни раце и да го спасат човештвото од работ на уништување. Најновото продолжение на Невозможна мисија: Одмазда прв дел,  во Киноверзум Велес. По авантурата на Харисон Форд како Индијана Џонс нова авантура на филмското платно, овој пат со Том Круз, од сабота,  во Велес, заедно со светската премиера, секој нареден ден на репертоарот.   Оваа седмица премиера има и американската комедија „Опасно патување“ . Четири девојки со азиско потекло се спријателуваат на патувањето каде едната од нив ја бара својата биолошка мајка. На ова патување откриваат што значи да се сакаш себеси, што е вистинско пријателство и која е врската што ги поврзува. Ќе се прикаже четврток, петок, недела и вторник. За тие што не го погледале петтиот дел од авантурата која го освои светот,  можност тоа да го стора вечерва, четврток и петок.   Во филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ освен Харисон Форд играат и Антонио Бандерас,  Мадс Микелсен. Филмот премиерата ја имаше на фестивалот во Кан во мај, кога публиката со аплаузи се воодушевуваше на новите авантури на археологот   доктор Хенри Волтон.

Сабота попладне ќе се прикаже цртаниот филм „Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »