Петар Печков
Објавено: среда, 22 септември 2010
Во натпреврувачка конкуренција на 17-тиот Филиграни меѓу 23-цата учесници пееше и Томче фризерот од Велес. За квалитетот на неговата изведба и песната можете да видите од краткиот клип на дното од страницата и сами да си донесете свој суд и оценка. Тоа што заборави да ја запее песната можете да го протолкувате како занес во танцот или можеби во дебитантската трема.
Колку за илустрација во какво друштво се најде Томче велешанчето знајте дека пееше против Гоце Арнаудов, Благица Хаџи Павловска, Сузана Гавазова, Петар Нечовски, Круме Спасовски,Новица, Даниела, а дебитантската нагртада отиде во рацете на извесен Горан Јованов.
Tweet |