речник контакт

Тони Димитроски, управителот на Топилница се појави во Велес

Управникот на Метрудхем дојде на судското рочиште, каде го тужи членот на Зелената коалиција Игор Смилев за клевета и навреда

Петар Печков

Рочиштето  по приватната тужба на Тони Димитриоски, управителот на Метрудхем против Игор Смилев членот на Зелената коалиција за навреда и клевета се одложи заради изнаоѓање на добро решение и начин двете страни да најдат соодветен начин да бидат задоволни. На овој начин преку медијаторско судијата Илија Танев се обиде да се најде решение за оваа приватна кривична тужба.

Од една страна бранителот на Смилев, Љубомир Џанго рече дека неговиот клиент немал намера да се закани ниту се обидел да му наштети на Димитроски. Тој пак бараше извинување оти неговото семејство било згрозено.

Судијата остави двете страни до следното рочиште евентуално да  се договорат и најдат решение тужбата да се повлече. Димитроски по ова, еден час  од неразбирливи причини седеше на клупа во внатрешноста на судот,не сакајќи да го напушти објектот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »