Петар Печков
Објавено: четврток, 03 мај 2018
На Изборно собрание Адвокатската заедница од Велес беше избран нов претседател, тоа е Тони Димковски кој има 25 годишен стаж во оваа професија. Тој доаѓа на местото Оливер Гашев кој истата функција ја извршуваше четири години.
Избрани се и седумтте делегати кои ќе ги претставуваат 60-те колеги пред Собранието на Адвокатската комора на Македонија.
Освен претседателот Димковски делегати се Наташа Андреевска, Андреја Радиновски, , Оливер Гашев, Коста Нојков, Гроздан Сутинов и Борче Стојанов. Тие веќе викендов ќе го избираат новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија во Хотел Изгрев во Струга.
Tweet |