речник контакт

Тони Манџа во Велес, судот под полициска опсада

Двократниот убиец од Гевгелија, Тони Кечев-Манџа (32), кој во два наврати бегаше од земјава, под силно полициско обезбедување беше донесен во Основниот суд во Велес, кој неколку часа, додека траеше процесот, беше под вооружена опсада на специјалците

Петар Печков

Тони Кечев – Манџа ( 32 год) доби  десет години затвор затоа што претепал и ограбил грк во Гевгелија. Тој заедно со тогашната негова девојка Благица Јанева и зет му Горан Ристов, според однапред договорено сценарио на 10-ти април 2009-тата година го намамиле гостинот од Грција, го претепале, му одзеле пари, злато,  мобилен.

Манџа беше посочен од двајцата соучесници, сведоци дека е извршител и организатор на делото, по што беше прогласен за виновен за кривично дело разбојништво и му беше изречена затворска казна. Истата од 10 години што ја доби и пред една години, но тогаш му беше судено во отсуство, кога Јанева и Ристов беа осудени на по шест години затвор. 

Според обвинението тројцата гевгеличани го намамиле К. Цигалис ( 70 год)  дека ќе добие сексуални услуги од Благица Јанева, девојка на Тони Манџа, но наместо секс тој добил ќотек и бил ограбен. Откако гркот го добил телефонот на Јанева, тој и се јавил за да договорат каде и по која цена ќе може да се сретнат. Според однапред подготвено сценарио на Цигалис му била дадена адреса во Гевгелија, каде тој требало да се дојде за да се сретне со Благица.

Кога влегол во куќата добил ќотек  до бессознание од Тони Кечев  кој го тепал со безбол палка. Од ќотекот на гркот му се нанесени тешки телесни повреди а му било одземено златото, мобилните телефони  и парите што ги носел со него. Потоа обвинетите го врзале, се обиделе да го внесат во неговиот автомобил и го однесат на непознато место. Но кога го изнесувале од куќата биле видени од соседите, избегале а Цигалис го оставиле претепан на улица. Тони Манџа се бранеше дека тој не е сторителот.

Ниту го знам, ниту сум го видел гркот, ниту сум го сторил делото. Во времето кога е случен настанот, а јас бев во казино и заедно со гевгелискиот полицаец Тони Бајрактаров. Тој и снимките од казиното можат да потврдат дека не бев во куќата. Признав дека сторив  двојно убиство и одлежав 12 години, ама ова не го сторив – рече во Кечев.

Барањето за полицаецот да сведочи, судот го одби, бидејќи тој бил должен, ако биле заедно во времето кога е строено разбојништвото, досега тоа да го каже. Ниту барањето да се добијат снимките од казиното не беше прифатено, бидејќи тие се чувале три месеци а од настанот е минато без малку две години. Тони Кечев кој ладнокрвно уби две лица во 1998-та година, на ова судење со неговиот однос предизвика бура од смеа во преполната судница. Откако беше посочен од двајцата сведоци, учесници во разбојништвото, кои веќе одлежуваат казна затвор за истото дело, од неговата поранешна девојка Благица и зет му Горан, дека тој го тепал гркот, Манџа, како и на секој кажан збор во судницата, дури и од неговиот бранител, бараше збор.

Судија не верувајте што зборуваат. Благица како на поранешна наркоманка, оштетен и  е мозокот од употреба на дрога. А Горан од жал по децата  што е  во затвор, го изгуби паметот. И двајцата се за жалење – објаснуваше Кечев. Неговиот адвокат се обиде да го одбрани клиентот, дека стореното дело е со друга квалификација.

Тоа што го сторил Кечев не е разбојништво, бидејќи не му барал пари и немало примена на сила. Затоа треба да му се суди за друго дело. Прашувам како е можно гркот, кој дошол  и барал девојки за секс, да не биде гонет за подведување на проституција и подведување на немоќно лице, бидејќи девојката е зависник од дрога – изјави Бојан Чадиев, бранител на Манџа. По неговото обраќање а во завршниот збор, нов бисер на обвинетиот.

Се согласувам со тоа што го рече обвинителот и го прифаќам неговиот збор – рече Манџа а откако во салата се слушна громогласна смеа и беше прашан на кого мисли, тој  се замисли па продолжи дека мислел,, откаде толку детали на обвинителот за настанот, да не бил таму да свети со фенерче и да знае кој и од кого и  колку е тепан?,,. До правосилноста на пресудата обвинетиот останува во притвор.

Тони Кечев беше фатен во декември во Бугарија како Тони Русеков, оти според неговите зборови сакал да добие бугарско државјанство и таму да живее. По ова тој беше испорачан во Македонија, бидејќи му се судеше во Основниот суд во Велес. Тој на судењето беше доведен со големо обезбедување на специјалните полициски сили, поради што судот неколку часа, додека траеше рочиштето, беше под опсада.
                   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »