речник контакт

Топилницата сеуште загадува

Резултатите од испитувањето кое беше извршено откако Топилницата престана со работа покажуваат високи вредности на тешки метали кај популацијата во Велес.

Петар Печков

Резултатите од испитувањето кое беше извршено откако Топилницата престана со работа покажуваат високи вредности на тешки метали кај популацијата во Велес. Тоа е резултат на децениското загадување кое продолжува со секундарниот процес, преку медиумите каде оловото и кадмиумот завршиле. Ова се податоците на Републичкиот Завод за здравствена заштита, кои добиени од испитување во 2004-та година.

- Иако Топилницата не работи пет години, таа сеуште загадува. Резултатите се поразителни, бидејќи олово во крвта кај поранешните вработени има 4,5 пати  повеќе  а кадмиум  за половина повеќе од максимално дозволените вредности. Застрашувачки се податоците кај родилките и бебињата. Кај мајките и бебињата олово има во некои случаи  два пати повеќе отколку дозволените - изјави Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Овие вредности според докторите резултираат  со зголемени малигни заболувања на црниот дроб, белите дробови и бронхиите, како и на бубрезите, што е резултат на присуството на тешките метали во организмот на луѓето. Смртноста на овие три малигни заболувања во Велес во последните пет години  е над републичкиот просек, покажуваат статистичките показатели.

Според РЗЗЗ децата од Велес во 2004-тата и натаму заболуваат два до три пати почесто отколку децата во околните села, кои се земени како споредбени. Најновите податоци за заболувањата и смрноста се дека и по затворањето на Топилницата, таа сеуште е голема  опасност за 47 илјади жители популација.  

Ова се првите резултати од најсепофатното истражувањ, изведено во Велес од подигањето на загадувачот. Државата за таа цел одвои 6,2 милиони денари а освен РЗЗЗ, во проектот беа вклучени и други здравствени и научни институции. Нарачател на програмот кој се работеше три години е Министерството за здравство. Со него беа опфатени 500 велешани, од сите возрасти и делови на градот. Меѓу нив има 55 поранешни вработени во МХК Злетово, 65 новороденчиња и нивните мајки, 50 жители на селото Иванковци како контролен незагден пункт.Сеуште не се достапни резултатите од водата за пиење, површинската, отпадната и истечната вода, како и вредностите од испитувањата кај двесетина земјоделски прозводи, овошје, зеленчук, стока и во храната-млеко, јајца, месо и сирење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »