Петар Печков
Објавено: среда, 19 ноември 2014
Реката Тополка се изела во населбата Превалец. Поплавени се деловите кои се близу реката, како и некои од градините, бавчите и подрумските простории на некоклу куќи. Поплавено е и фудбалското игралиште.
Се излеа и реката Бабуна во долниот дел, кај фудбалското игралиште и поплави некои од дивоградбите кои се во овој дел.
Реката Вардар низ Велес има високо ниво, но е далеку од излевање велат надлежните. Препорачуваат тие што живеат во близина на Вардар, Шорка и Речани да се заштитат и ги преземат сите неопходни мерки за евентуално реката да не надојде.
Tweet |