Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 февруари 2019
Нешто порано , но сепак заради работните обврски, членките на Здружението ,,Креација 2009,, го одбележаа Св. Трифун и Валентиново. Со торти и блага тие се почестија за претстојните празници.
На овој начин членките ја изразуваат својата креативност со изработка на торти и колачи. Изработени се од чоколада, оти таа е неодминлив придружник на виното но и на љубовта. Сакаме да се дружиме во пресрет на овие презници - рече Рајна Стојанова претседател на здружението. Спонзор помагател на вечерта која се одржа во ресторан ,,Интернационал,, беа Винарија ,,Стоби,, и ,,Коцев,,.
Изработките, тортите се купуваа на наддавање од страна на присутните гости. Манифестацијата имаше ревијален карактер.
Tweet |