Петар Печков
Објавено: вторник, 27 март 2012
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го разреши од функцијата селектор на женската репрезентација на Македонија Добре Димовски.
За в.д селектори на женската репрезентација УО на ФФМ ги назначил Благоја Филиповски и Тоше Нацев, кои ќе го водат националниот тим до изборот на нов селектор. Нацев е тренер на женската екипа на ЖФК Борец и поранешен фудбалер на ФК Борец кога тој се натпреваруваше во третата лига на СФРЈ.
Под негово водство македонската женска фудбал репрезентација ќе одигра два натпревари, сабота во Москва против Русија и в вторник против Грција во Атина. И двете се во квалификациите за ЕП.
По одржаната редовна седница во Свети Николе, ФФМ инфоримира дека одлуката за разрешување на Димовски ја донел на барање на клубовите и Комисијата за женски фудбал и поради слабите резултати во квалификацискиот циклус за Европското првенство.
Tweet |