Петар Печков
Објавено: вторник, 02 јули 2024
Трето засилување за РК Бисинов од Велес. Новото име е Тоше Ончев, кој игра на позиција лев бек. Тој измината сезона настапуваше за екипата на РК Голден Арт од Скопје.
Ончев кој има 27 години, имаше и меѓународна кариера, играше за Вернуј од Франција, Фаикас Корфу од Грција и Тримо од Требиње Словенија. Во Македонија има настапувано за скопски РК Вардар, РК Работнички, РК Охрид.
Се враќа во Велес, наредната сезона ќе настапува за РК Бисинов а почетоците му се во РК Борец, кога тренирал кај Никола Бисинов.
Тој е трето засилување за следната натпреварувачка сезона, дебитантска во Супер лигата за РК Бисинов. Претходните денови на клубот му пристапија крилата Зоран Стојановски и Мартин Димов.
Tweet |