Петар Печков
Објавено: сабота, 27 јануари 2018
Тирековмирече - велешкиот портал, изминатата година пишуваше за настани кои беа дел од живеењето во градот, културата, спортот, економијата, екологијата, црната хроника, животни приказни.
ТрМр откри дека реката Бабуна пресуши, после 20 години за прв пат, дека од 47-те скапи палми останаа уште 4, дека Дервен засадува садници во Градски парк, велешани ги крадат, дека не знаеме каков воздух дишиме оти мерните инструменти не работат подолго, имаме мерна станица на УХМР ама никогаш не ги дознавме температурите во градот, дека во Маркард стасаа до 500 вработени, дека на велешани им треба бувљак, дека железничката станица иако е готова уште во октомври 2016-та сеуште е затворена. ТрМр пишуваше и за Индијците кои ја купија Порцеланка а ги нема никаде, за Киро Ќучук кој повторно се затвори, за социјалците и болни кои на 40 степени пешачеа со километри за да дојдат до бесплатен ручек, за тоа што по шест гдоини конечно еден дел од жителите на Хабитат зградите добија асфалтирана улица, за неверојаните фрески и откритија во манастирот Св., Димитрија, за велешаните кои се најдоа на листата на десетте најдобро платени македонци. ТУШ си замина од Велес, Хотелот Интернационал со нов газда започна да се реновира, за отворањето на новата црква Св. Кирил и Методиј.
Бројките најдобро зборуваат за работата. Статистиката вели дека лани ТРМР го читале 318.543 посетители наспроти 283.949 од година претходно Тие отвориле 1.158.294 пати што е повеќе отколку во 2016-та - 908.578 пати
Или овие читатели прочитале 1.847.179 текста што е повеќе отколку една г одина претходно - 1.618.721 текст.
Просечно секој од Вас се задржувал на порталот 1 мин. и 4 сек. Лани имало 25 отсто нови читатели.
На порталот можевте да прочитате 1.158 вест од кои само десетина не беа авторски поточно преземени од други извори. Ова за креативноста.
Најчитани се железничкиот возен ред, автобускиот возен ред ,па црната хроника и дежурствата на аптеките. Овие сервисни информации ТрМр ги нуди бесплатно без надомест од службите а во интерес на граѓаните, кои очигледно им требаат и ги бараат.
А еве ги 10-те најчитани текстови лани.
Ни снегот ни студот не им пречи 9.818
Крстот во Велес го фати Влатко Стојанов (фото и видео) 9.432
Вербалниот напад, заврши со тешка повреда на сосетката 7.879
Славица и Дејан први се венчаа во новата црква Св. Кирил и Методиј (фото) 7.783
Двајца велешки гинеколози обвинети за смрт на новороденче 7.203
Орце Коцевски командир на ПС Велес 7.154
Како велешанката Муриса ја запроси дечкото Емир (видео) 6.977
Помагајте не убија, сведочење на соседите 6.896
И Велес си доби улица на чадорите 6.873
Тепачка на базен, натепани скопјани 6.786
Tweet |