Петар Печков
Објавено: среда, 14 октомври 2020
Неодамна во Чашка, се одржа државното првенство за трактористи - орачи, 62-ро по ред. На него учество земаа најдобрите дваесет трактористи орачи од шест региони во државата. По завршувањето на натпреварот на најдобрите трактористи- орачи им беа доделени награди.
Првото место во категоријата лесни трактори го освои -Слободан Павлов од Валандово а Драган Манев од Росоман во категорија тешки трактори. Прво наградените од натпреварот ќе ја преставуваат Македонија на Светското првенство кое ќе се одржи во Русија.
Од мое име и од името на општина Чашка упатувам искрени честитки. Годинава, за прв пат се појавија и натпреварувачи од нашата општина. Очекуваме овој настан да продолжи да се одржува во нашата општина како рурална и пред се земјоделска со цел афирмација на овој земјоделски крај - порача Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка, домаќин на натпреварот.
Организатор беше Сојузот на техничка култура во стопанството на Македонија и Народна техника на Македонија.
Tweet |