речник контакт

Трактористот велешанецот Горан Митков државен првак

Митков кој е од Караслари, заедно со другите победници Драган Манев и Катерина Јаневска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во Хрватска

Петар Печков

 Звукот на тракторите ечеше во околината на селото Чичево, општина Градско. На површините од АК Вардар 03 се одржуваше државното првенство на трактористи, каде се натпреваруваа 42 учесници. Тие беа најдобрите од претходно одржаните шест регионални средби, каде вкупно учество земале 320 натпреварувачи. Најмногу внимание привлекоа жените, иако беа две околу нив секогаш имаше публика, која сакаше да види како тие работат, како ја ораат земјата. Подобра беше гостиварчанката осумаесетгодишната Катерина Јаневска.

Се решив да возам трактор од љубопитност. Го возам од осум години иако велат дека е машка работа. Среќна сум што победив и верувам дека во Хрватска  нема да се посрамотам, ни јас ни Македонија – вели Катерина Јаневска која трет пат учествува на Државното првенство, досега најдобар пласман и било четвртото место.

Нејзиното десет годишно  возење на тракторот, ги донесе резултатите, таа е најдобра во Македонија. За натпреварувањето таа се подготвила и да изгледа убаво, како да излегла од моден салон, како што  е одлика на млада девојка,.  Нејзина  конкуренција  беше една колешка, кој дојде од Истокот, останатите пријавени натпреварувачки  не допатуваа во Градско.

Го познавам добро тракторот, бидејќи десет години го управувам. Се решив да дојдам на ова првенство да се дружам, да видам како другите работат. Тоа е потребно ако се сака човек да напредува, да работи подобро -  вели  Ѓурѓа Севенова од Пробиштип, која прв пат учествува на ова првенство иако многу  години вози земјоделска механизација, која е сопственост на семејството.

Победници  на 52-то Државно првенство во машка конкуренција се  Горан Митков од Велес во тешка, Драги Манев од Паликура во лесна. Тие заедно со Катерина како победници одат на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Хрватска.

Македонските трактористи од година во година се, се подобри, започнуваат да ги следат светските трендови во орањето. Но мора да им се обезбеди современа механизација, за да постигнеме повисок пласман. Натпреварувачите ораат површина 20х50 метри за лесните и тешките трактори ораат со клин на 100х24 метри.  Најважно е започнувањето на првата бразда, тоа најмногу се цени и таа треба да се изора за 20 минути а потоа целта површина за три часа. Сите почнуваат во исто време - вели  Зоран Соколовски секретар на Сојуз на технички клубови и меѓународен судија, кој судел  на две светски првенства. Организатор на првенството беше Народна техника на Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »