речник контакт

Трајна поставка на Зографски и Папрадишки во Велес

Повардарската Епархија на Народниот музеј и градот Велес ќе му подари икони, дело на зографот Ѓорги Зографски.

Петар Печков

Повардарската Епархија на Народниот музеј и градот Велес ќе му подари икони, дело на зографот Ѓорги Зографски. Ова со цел да се сочува дел од опусот на овој папрадишки мајстор но и да се создаде трајна поставка. Неа би ја сочинувале дела на познатите мајстори, освен Зографски и на Димитар Андонов Папрадишки.

- Сите икони на Зографски кои беа изложени на неодамнешната изложба во Ликовната галерија во Велес МПЦ преку Повардарската епархија ќе ги отстапи на градот. Ова духовно-културно благо на македонскиот човек треба да биде достапно на светлината и светот - вели Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија.

За оваа цел ќе се потпише договор помеѓу Повардарската Епархија, градот и Народниот музеј. Во договорот ќе има клаузула со која доколку има потреба иконите ќе бидат вратени во црквите од каде се донирани.  На овој начин иконите освен што ќе бидат достапни до пошироката јавност, тие ќе бидат заштитени, бидејќи истите се наоѓаат во цркви и манастири каде нема монаси и се потенцијален лесен плен за крадците.

Директорот на Народниот музеј од Велес е воодушевен од овој  чекор на Црквата.

\"\"

-  Ова е одлична идеја и морам да кажам големо благодарам за овој гест на Владиката Агатангел.  Како музеј ќе имаме можност да се грижиме адекватно за сите подарени дела. Со оваа поставка, која ќе ја лоцираме во зградата на Народниот музеј посебно ќе се гордееме - изјави Спасе Перовски, директор на музејот. Тој додава дека треба да се истражува каде е дел од опусот на Зографски и Папрадишки, бидејќи тие твореле и низ Србија и Бугарија, а државата да стори напор да ги згрижи овие дела.

Вредноста на подарените дикони се мери со стотици илјади евра и тоа е најголема донација што досега некој како уметничко богатство ја дал на Велес.

На листата на дела што ќе бидат подарени се „Тајната вечера“ нацртана 1945, „Оплакувањето Христово“ од 1940-та, „Св. Теодор Трион“ од 1916-та, „Богородица со Христос“ од 1923-та, „Воскресението Христово“ од 1926.

Тие и останатите се ноѓаа во црквите Св.Пантелејмон, Св.Спас, Св.Богородица, манастирот Св.Димитрија,  како и од црквите во селата Бањица, Војница, Папрадиште. Идејата е да се содаде трајна поставја на дела од Папрадишки и Зографски. Неа ја иницира  Славица Алексова, од Националната Галерија во Скопје и автор на ретропсективната изложба на Зографски, која неодамна беше поставена во Велес.

\"\"

- Градот мора да создаде трајна поставка каде ќе бидат сочуван и претствен опусот на двајцата знаменити мајстори зографи. На тој начин ќе им се оддаде почин на авторите кои се сметаат за најквалитетните и најпродуктивни македонски уметници во последните децени на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век - изјави Алексова.

А дека Велес знае да ги почитува културните вредности, покажа и интересот за изложбата на Зографски. Неа за две седмици ја посетиле повеќе од три илјади посетители, што е најголем број за една изложба досега во градот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »