Петар Печков
Објавено: сабота, 29 декември 2018
На свеченоста за избор на најдобрите спортисти на Велес, признание за животно дело во спортот доби велешката фудбалска легенда Трајче Ковачев. Тој е поранешен фудбалер на ФК Борец и повеќе македонски клубови но и на Раднички од Ниш.
Со екипата на ФК Борец во сезоната 1988/9 станува републички првак и се пласираше во повисок ранг, Трета лига -Југ. Тој е и автор на повеќе пишани трудови од областа на фудбалот.
Младите кои се бават со спорт, само така можат правилно да се воспитаат, образуваат и станат почитувани граѓани, да се докажат. Драго ми е што наградата ја добив од мој бивш ученик Панче Ќумбев кон направи одлична кариера, уште повеќе што по неговите стапки трка големиот фудбалски талент Енис Фазлагиќ. Преку спортот и преку сите генерации кои ги тренирав научив најмногу - рече Ковачев, кој е пензионер, заблагодарувајќи се на наградата.
Tweet |