речник контакт

Тргнаа автобусите кон Ресен, Битола, Прилеп, Кочани, Виница

Остана да се воспостави автобуската линија кон Охрид

Петар Печков

После двомесечна пауза од денес повторно е воспоставена автобуска линија со дел од македонските градови. Линиите кон нив беа во прекин, поради полицискиот час.

Од Автобуската станица Велес за ТрМр  информираа дека  од денес, среда,  „Транскоп“ започнал да вози кон Битола и Ресен, „Пелагонија“  кон Прилеп а „Атом“ кон Кочани, Виница и Блатец.

Останува уште во прекин автобуската линија кон Охрид.  

Претходно имаше, но се уште е  редуциран автобускиот сообраќај кон Гевгелија и Струмица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »