Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јуни 2020
Од денес, првиот ден на јуни, започнаа да сообраќаат автобусите од и кон Охрид. Кон овој град има две линии, возат „Галеб„ Охрид и „Атом“ Кочани, информираа од Автобуската станица во Велес.
Така од Автобуската станица од Велс има автобуски линии кон повеќето македонски градови, но редуцирано.
Минатата седмица по два месеци пауза се воспостави автобускиот сообраќај кон Ресен, Битола, Прилеп и кон Кочани, Виница и Блатец.
Во целиот овој период на услови на живеење со закана од ковид-19, автобусите возеа кон Скопје, Гевгелија и Струмица.
Tweet |