Петар Печков
Објавено: недела, 15 мај 2011
Завршуваат градежните работи на камбанаријата од црквата Св. Кирил и Методиј. Дел од посетителите на ТРМР побараа да се претстави идејата на неа да се постави часовник, кој ќе покажува точно време.
Ова бидјеќи истата е лоцирана на најферкефентниот дел до градот и тука секогаш има луѓе. Часовникот би бил добредојден за сите нив. Оваа идеја не е ерес, бидејќи и на други камбанарии на МПЦ има часовници. На пример пред Соборниот храм во ценатрот на Скопје. Доколу ја поддржувате идејата, кликнете на срцето. И онака во градот немаме часовник со точно време. Постојниот пред Пошта е со време кое никогаш не е точно.
Камбанаријата е висока 25 метри и ќе има пет ѕвона чиј звук ќе се слуша до Градско, Чашка, Ветерско и Лозово најави владиката Агатангел, митрополит на Повардарската епархија, на осветувањето на нејзините темели. Тој очекува дека ѕвоната ќе се огласуваат за убави работи свадби, крштевки, венчавки.
Tweet |