Петар Печков
Објавено: вторник, 06 декември 2022
Тренерот на ФК Борец Никола Аврамовски- Коки си поднел оставка и заминал од клубот, објавија дел од спортските портали во земјава. Негов помошник во овој период беше Туш Зефиќ.
Ова доаѓа по серијата порази, откако тој дојде на клупата на велешкиот второлигаш -13 октомври. Во саботата, против екипата на ФК Гостивар, тој не беше на клупата на ФК Борец.
По 14 одиграни кола Борец е последен на табелата, без ниту еден освоен бод. В сабота во последното есенско коло екипата гостува во Охрид и игра против третопласираниот тим на табелата ФК Воска. Засега од клубот нема најави кој ќе ја води екипата.
Tweet |