речник контакт

Трет ден по ред висока бројка на оздравени од ковид-19 во велешко

Се намалува бројот на активни случаи како и на пациенти хоспитализирани во велешка Болница

Петар Печков

Трет ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19.  Изминатите 24 часа оздравени се 62 лица, нови  регистрирано случаи се 41. По ова бројката на активни случаи во велешко падна на 290  лица. Починати од последиците на корона вирусот во велешко нема.

Вкупно хоспитализирани во трите  ковид одделенија од велешка Болница  се 62 пациенти, еден   помалку   од вчера. Hа Инфективно  се згрижени 45, на Интерно 11  и на Физикалното шестмина. Потврдено позитивни се 45, непотврдени  се пет  и 12  се негативни, но со потреба од болничка нега.

„Ново примени се двајца , а испишани се 12 пациенти со  еден негативен тест. На кислородна поддршка се 22 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

На Инфективно одделение има 15 слободни кревети а згрижени се 45 пациетни , на Интерно 11 и на Физикално шест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »