Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 април 2021
Трет ден по ред во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министерството за здравство. Изминатите 24 часа има 40 пациенти оздравено од ковид-19 и регистрирано три нови случаи, во ден недела, кога не работата државните лабаратории за тестирање. Или бројката на активни случаи во велешко е 796 а досега се заразиле 5.010 лица.
„ Починатa е жена на 76 годишна возраст од Велес, позитивна, лекувана на Инфективно одделение шест дена и маж на 68 години од Свети Николе позитивен лекуван во Модуларната Болница пет дена. На кислородна поддршка се 45 пациенти“– кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес. Досега во велешко починале 151 лице, од последиците на корона вирусот.
Во од кои 86 се потврдени позитивни, и по осум сомнителни и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување На Инфективно одделение се 53, на Интерно седум, на Физикално десет и во Модуларна болница 32пациенти.
Tweet |