Петар Печков
Објавено: вторник, 13 октомври 2015
Ракометите на ГРК Борец го загубија и третиот натпревар по ред. По одличниот старт, велешани сега се во негатива. Во петтото коло на Супер лигата, тие се поразени од екипата на Работнички во Скопје со 27:22 полувреме 13:11. Велешките ракометари во 50-тата минута имале водство од 20:19 и контра за два гола предност, но не реализирале по што следела серија на домаќинот 23:20, за на крајот да слават со пет гола предност 27:22.
Најефикасен кај победниците бил Златко Мојсовски со 12 гола, додека кај ГРК Борец Зоран Стојановски со 7, од кои 4 од пенал, а 4 гола постигнал Кире Мачавелов. Во следното коло, сабота во 18ч. во салта Гемиџии ГРК Борец ја пречекува екипата на Охрид 2013-та која е четврта со три победи од четири средби, додека велешани се 7-ми со две победи од пет натпревари.
Екипата на Велес, која игра во Првата футсал лига, победи дома против екипата на Мал Ајакс од Штип, со 3:1. Ова беше натпревар на две екипи со идентичен скор од досегашниот тек ан првенството. Така велешани по ова четврто коло се втори со седум бодови. Во следното коло гостуваат во Кавадарци на Црна Река,која е 8-ма со една победа.
Женската екипа на фудбалскиот клуб Борец е поразена во Струга од екипата на Ас јунјтед со 3:0. Во натпревар на двете соседни екипи на табелата, домаќинките подобри и победиле. По ова 4-то коло Борец е 6-ти со три бодови, колку што има и неговиот следен противник Топ Гол од Битола.
Tweet |