Петар Печков
Објавено: среда, 14 април 2021
Стадион на Македонија Ѓ.П.
судија Марјан Ецкоски од Охрид
стрелци: Фазли 45` и 67` за ФК МЃП и Мишов 83` за ФК Б
Трет последователен пораз за велешкиот прволигаш ФК Борецво Првата лига. Попладневно загубија во Скопје од екипата на ФК Македонија ЃП со 1:2 (0:1), која е трето пласирана на табелата. По водството на домаќините од 2:0, велешани имаа шанса да намалат но наместо голот велешкиот фудбалери шутираше над голот. Затоа пак во 83-тата Мишов намали на 1:2. но велешани тука застанаа и не успеаја да извлечат бод, иако имаа можност.
По ова 27 коло ФК Борец падна на 7-то место, со 33 бода и со тешкиот распоред, викендов во Велес гостува второпласираната екипа на ФК Шкупи а потоа велешани гостуваат во Тетово на лидерот ФК Шкендија и му се заканува да падне на табелата на позиција која не гарантира опстанок, туку разигрување.
Tweet |